Одбележан 29 април – Денот на Министерството за надворешни работи

Денот на МНР на Република Северна Македонија – 29 април, денеска беше одбележан со пригоден настан на плоштадот „Мајка Тереза“.

Министерството за надворешни работи годинава прославува 52 години раст и развој, кога за прв пат било формирано Бирото за односи со странство, односно институцијата – претходник на современото Министерство за надворешни работи.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, порача дека приоритет е остварувањето на стратешките цели на нашата надворешна политика.

-Остварување на стратешките приоритети на нашата надворешна политика: членството во НАТО, почеток на преговори со ЕУ, Стратешкото партнерство со САД, напредок на добрососедските односи, регионалниот напредок – некогаш треба да подвлечеме црта и да ги сумираме придобивките за целава земја кои почиваат на трудот и работата на дипломатијата, истакна Османи, се вели во соопштението од МНР.

Во своето обраќање Османи говореше и за новите предизвици кои ни претстојат: изготвувањето на десетгодишната стратегија – РЕФЛЕКСИЈА 2030; претседавањето со ОБСЕ 2023, засилено присуство и во други мултилатерални организации; Економската Дипломатија; дополнителен импулс и во регионалната соработка, новите иницијативи како ИНИЦИЈАТИВА 8; воведувањето на Преспа форум дијалогот итн.

Традиционално, на овој ден се доделува наградата „Дипломат на годината“, која оваа година му припадна на дипломатот Ибрахим Кадриу, а наградата „Млад дипломат на годината“ му беше доделена на дипломатот Драган Алчинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e