Од хаос и задолжена Агенција за храна и ветеринарство до успешнa приказна, зад која стои директорот Зоран Атанасов.
Кој е Зоран Атанасов?
Директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, семеен човек, оженет со две деца, доктор по ветеринарна медицина. Роден e на 01.09.1966 година во Струмица. Основното образование го завршив во родниот град, средно ветеринарско училиште завршив во Битола а дипломирав на Факултетот за ветеринарна медицина во Загреб, Република Хрватска.
Во периодот после дипломирањето имам посетувано бројни обуки и курсеви од областа на безбедноста и одбраната, меѓу кои позначајни се: Лидери на 21 век на Центарот Џорџ Маршал (“Lеаders for 21-st century“ – George C Marshal Center, Garmish Partenchirchen, Germany), Управување со ресурси, планирање и имплементација на финансиски и материјални ресурси на Кралска школа за бизнис (“Resource management Planning and implementation of finance and material resources“ – Queen’s School of Business, Ottawa, Canada).
Од областа на безбедност на храната има завршено повеќе обуки и работилници меѓу кои: Безбедност на храната, Министерство за земјоделство на САД, во рамки на програмата Кокран на Универзитетот на Северна Дакота (Food Safety / HACCP UNITED STATES DEPARTMENT OF AGRICULTURE Cochran Fellowship Program North Dakota University Fargo, U.S.A); Официјална контрола на храната од животинско потекло, микробиолошки критериуми и примероци – Агри-Консалтинг Европа С.А. (Official control of animal origin food, microbiological criteria and sampling – Agri-consulting Europe S.A); Следливост на движењето и официјална контрола на храната од животинско потекло на граничните контроли – (Traces and Official control of animal origin food on Border control point – BTSF, Trade Control and Expert System, TAIEX); Миграција на кучиња и мачки (Movement of dogs and cats, BTSF); Значењето на следливоста во извозот на живи животни и производите од животинско потекло, (Traces use at Import of live animals and products of animal origin), BTSF Обука за ветеринарство и безбедност на храна на граничните пристаништа и во граничните инспекциски места , (Training on Veterinary and Food Safety control checks at seaport border inspection posts, BTSF).
Својата работна кариера ја започнав како офицер во Армијата на Република Северна Македонија и во Министерството за одбрана, каде што работев од 1994 до 2005. Армијата и министерстото за одбрана ги напуштив со чин мајор. Во 2005 година почнав да работам во тогашната Управа за ветеринарство при МЗШВ, која подоцна во 2011 година со спојување помеѓу Дирекцијата за храна и Управата за ветеринарство прерасна во сегашната Агенција за храна и ветеринарство.
Во досегашната кариера имам изработено или сум учествувал во изработка на многу национални документи и упатства и прирачници (пр. Националниот концепт за логистичка поддршка на АРМ, на Доктрината за логистичка поддршка на АРМ и на Националниот концепт за поддршка од земја домаќин (НАТО партнерска цел).
Понатаму можам да спомнам дека на локалните избори во 2009 година бев избран за Советник во Советот на Општина Аеродром со мандат од 2009-2013 година.
Пред изборот за прв човек на Агенцијата за храна и ветеринарство, како професионалец во областа на ветеринарството, работев како советник во кабинетот на дополнителен заменик министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Предизвици по превземање на АХВ?
Првиот сериозен предизвик беше да се стабилизира целокупниот систем за безбедност на храната. Агенцијата ја затекнав со финансиси долг од 9,1 милион евра кон лабораториите, ветеринарните друштва, сточарите и другите деловни субјекти. Поради овие долгови системот за безбедност на храната беше пред колапс, постоеше опасност секој момент лабораториите и ветеринарните друштва да престанат да ги дават нивните услуги, а сточарите да престанат да го предаваат заболениот добиток при спроведувањето на програмите за справување со болестите кај животните. Со нефункционирањето на само еден од повеќето клучни сегменти во интегрираниот систем за безбедност на храната (операторите со храна, лабораториите, ветеринарните друштва, сточарите, научните институции и другите државни институции инволвирани во синџирот на безбедност на храната) системот станува нефункционален и неможете на граѓаните да им гарантирате конзумација на безбедна храна.
Друг предизвик беше и сеуште е да се врати нарушената довербата на грѓаните и операторите со храна кон Агенцијата за храна и ветеринарство. На оваа поле напорно работиме и се корегираме. Во последните три години од страна на корисниците на услуги на АХВ преку меѓународниот стандард за квалитет ИСО 9001:2015 сме оценети со оценка одличен. Во континуитет просечната оценка има тенденција на раст. Минатата, 2019 година ја завршивме со досега највисока просечна оценка 4,77.
Трет предизвик беше да се интензивира меѓународната соработка и евроинтеграцискиот процес. За успешноста во евроинтеграцискиот дел зборуваат највисоките оценки кој ги добивме од страна на Европската комисија при оценувањето во 2017 и 2018, оценката за 2019 ќе ја видиме во 2020 година. Меѓународно се етаблиравме како сериозна институција а тоа резултираше со потпишување на партнерски договор за соработка со министерството за здравство на Република Италија, Договори за соработка со Агенцијата за бедбедност на храната и Агенцијата за проценка на ризик на Република Бугарија, Договори со министерството за здравство и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Србија, пред потпишување е и договорот со Република Словачка, водиме преговори за потпишување на договор за соработка и со Република Турција. Во меѓувреме работиме на воспоставување на националната структура на Codex alimentarius и др активности.
Целиот текст на Бриф.