Од вечерва промена на времето со дожд и снег, преодно стабилизирање в четврток

Од вечерва се најавува дестабилизација на времето со врнежи кои ќе бидат пообилни во западните делови од државата, каде се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег каде снежната покривка ќе се зголеми, а поради силниот ветер можна и појава на снежни наноси.

Врнежи ќе има и во текот на утрешниот ден кога во попладневните часови се очекува снег и на повеќето пониски места, но тие ќе слабеат по интензитет. Од утре попладне и в среда ќе дува силен северен ветер што ќе услови нагло опаѓање на температурите. Поради силниот ветер можна е повторно појава на снежни наноси.

В среда на места се уште ќе провејува снег, а в четврток ќе настапи преодна стабилизација на времето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e