Седиштето на ВМРО ДПМНЕ во Охрид од денес е „замрзнато“ со одлука на Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата во Охрид за „Охрид1“ потврдија дека имотот е замрзнат и дека за тоа се известени и ги примиле записниците за пошишаните недвижнини.
Од вчера замрзнати се 69 недвижнини сосптвеност на партијата и тоа на барање на Специјалното јавно обвинителство во рамките на предметот „Талир“, официјално соопшти СЈО.
„По барање на ова Јавно обвинителство, судија на претходна постапка на Основен суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое е изречена привремена мерка за обезбедување на имот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Со мерката се замрзнати вкупно 69 недвижнини меѓу кои и објектот во кој се наоѓа седиштето на партијата. Со оваа мерка се забранува отуѓување на конкретниот имот како и давање под закуп на истиот. Дејствијата се преземени во рамки на предметот „Талир“, со оглед на тоа што постои веројатност истиот имот да биде отуѓен до завршување на постапката“, се вели во соопштението на СЈО.
Извор: Охрид1
