Од утре, четврток, започнуваат инфо-деновите коишто се наменети за информирање на сите потенцијални баратели за користење на финансиски средства од ИПАРД Програмата 2014-2020.
Овој месец инфо-деновите се наменети за мерката 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“, од ИПАРД 2.
Утре, ќе се одржат две работилници, едната во Ранковце во 10 часот во Противпожарниот дом, а втората ќе биде во Свети Николе во 14 часот во големата сала во Собранието на општината. Мерката 3 овозможува кофинансирање на трошоците за инвестиции во изградба или реконструкција на преработувачки капацитети и опрема.
Инфо-деновите се во рамки на кампањата што МЗШВ ја спроведува заедно со Телото за управување со ИПАРД фондовите и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, а е поддржана од Европската унија. Целта е сите заинтересирани земјоделци да добијат детални информации за начинот на поднесување на барања, потребната документација и бенефитите што ги нудат мерките од ИПАРД 2.
Детален распоред за инфо денови по градови, на следниот линк.