Од утре во повеќе градови поскапува лебот

Дел од пекарниците во Штип, Кочани, но и во Прилеп и Битола од утре најавуваат зголемување на цената на белиот леб. Така лебот од 450 грама, кој сега се продаваше по цена од 35 денари, но и на стандарниот леб тип 500, ќе достигне цена од 40 денари за векна. Жители на Штип и Кочани, пак, за „Телма“ велат дека сечениот бел леб во некои продавници веќе го купуваат по цена од 40 денари.

Пекарот Малинов од Штип за телевизијата изјави дека поскапувањето се очекува да биде помало и дека лебот одамна не добил нова цена, додека трошоците за производство се значително зголемени.

„Како што имам информација од колегите и од Штип и од Кочани, ќе има поскапување на стандардниот леб „тип 500 векна“, зборувам за несечен леб, кој е со сегашна цена од 30 денари, ќе поскапи некаде околу 3 до 5 денари. Значи цената би била 33 до 35 денари, продажна зборувам. Лебот веќе подолго време го немаме покачено со оглед на тоа што трошоците ни се енормно зголемени. Не зборувам за пакуваниот леб, но имам информација дека и тој ќе поскапи“, вели Малинов за „Телма“.

Фурнаџиите сега очекуваат проблеми и со новите глобални случувања и со растот на цената на енергенсите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e