Oд понеделник во Скопје ќе се врши тестирање и во поликлиниките Чаир и Јане Сандански

Во однос на тестирањата, Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција посочи дека до денес вкупно се направени 888 тестови и дека лабораторијата во Институтот за јавно здравје располага со дополнителни 1400 тестови. Исто така, е донесена одлука за избор на уште илјада теста, а најавена е и донација за дополнителни илјада, појаснувајќи дека илјада тестови ќе бидат на располагање секоја следна недела за нашиот институт и 300 во кое било време во лабораторијата во Клиниката Жан Митрев.

„Во насока на реорганизација и зголемување на достапноста за земање брисеви, на територијата на Скопје од понеделник ќе функционираат два пункта, во рамки на Здравствениот дом Скопје во поликлиниките Чаир и во Јане Сандански. Пациентите ќе закажуваат телефонски, преку системот МојТермин и со тоа значајно ќе се зголеми достапноста до оваа услуга”, посочи министерот Филипче.

Тој посочи дека мерките кои ги носи Министерството за здравство се согласно препораките на СЗО, и согласно степенот на ширење на вирусот. Со оглед на тоа што има податоци дека многу често мерките не се почитуваат, тој информираше дека во текот на денешната седница на Влада ќе предложи заострување на одредени мерки, посебно во делови од државата каде е регистрирано непочитување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e