Утре ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Од петок следува период на променливо облачно време со повремен локален дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат проследени со појава на грмежи. Во недела се очекува опаѓање на дневните температури.
Прогноза за 02.04.2021
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 16°C до 23°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локален слаб дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец
Прогноза за 03.04.2021
Минимална температура: 2°C до 8°7
Максимална температура: 15°C до 22°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Прогноза за 04.04.2021
Минимална температура: 3°C до 8°C
Максимална температура: 6°C до 11°C
Oблачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (локално и над 20л/м2), проследени со засилен ветер. На планините врнежите ќе бидат од снег, кои во текот на ноќта ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места.