Од надежен реформатор и технократ до политички губитник

Од надежен реформатор и технократ со многу амбиции и визии за подобра Македонија до политички губитник кој на моменти го заработи и епитетот малиот диктатор. Дојде во политиката во далечната 98ма како 26 годишен министер за трговија, а потоа и министер за финансии. Пет години подоцна застанува на чело на една од двете најголеми партии – ВМРО ДПМНЕ, но пресудна за Груевски беше 2006-тата кога седна на премиерската фотелја и стана премиер со најдолг мандат. Како што поминуваа годините на владеење на Груевски така се зголемуваше и неговата моќ градејќи култ од својата личност.

За пресвртна година во неговото владеење се смета 2009 та кога реформите ги замени со антиквизација. Контроверзите продолжија со политички мотивираните судски процеси, затворањето на медиуми, тепањето пратеници во собранието, нетранспарента делба на буџетските пари. Сепак, неговата моќ зацврснуваше се до 2015 та година. Почетокот на крајот на Груевски кој започна со објавувањето на прислушкуваните разговори од опозицијата, кои го разобличија и другото лице на премиерот и начинот на владеење.

Бомбите го симнаа од премиерската фотелја и го однесоа Груевски на обвинителна клупа. По извојувани победи на единаесет избори по ред и децениско владеење со државата – неприкосновениот лидер на ВМРО ДПМНЕ заминува од лидерската позиција на партијата.

За некого голем патриот и успешен реформатор, за други популист и човек кој длабоко го подели македонското општество и ја партизираше државата. Ги прашавме граѓаните по што тие ќе го паметат Никола Груевски.

„Секој кој работи понекогаш и греши“,
„Ништо не покажа добро“,
„Добар премиер беше“,
„Изгради, направи, се направи…“,
„Почитичар, политика по што друго да го памтиш?“, велат анкетираните граѓани

По 15 години на чело на ВМРО – ДМПНЕ Груевски си заминува како што и дојде – од конгрес на поделена партија со раскарано членство.
Дали по добро или по зло, во секој случај, владеењето на Никола Груевски остава траен белег и на државничко и на партиско ниво.

Извор: ТВ 24

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e