Од Кабинетот на вицепремиерот Љупчо Николовски за ТВ21, во однос на денешниот упад на финансиската полиција во домот на пратеникот Јован Јаулески, посочија дека минатиот месец до нив пристигнало пријава од општина Делчево за сомнителен пренос на недвижен имот.
„Се работи за препородавање на земјиште преку сомнителни трансакции на парични средства помеѓу ЕВН ЕЛЕКТРАНИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје и повеќе физички лица. Претставката беше детално разгледена, при доставените материјали укажуваа на постоење на индиции за незконитости и проневери во милионски суми од организирани групи. Со цел понатамошно постапување целокупниот материјал што пристигна до мојот кабинет беше веднаш доставен до надлежните институции во случајов до Управата за финанска полиција. Борбата против корупцијата и криминалот е процес што бара максимална вклученост и координараност со сите надлежни институции, очекувам ефисна истрага и брза разрешница на случајот“, велат од Кабинетот на вицепремиерот за ТВ21.
