Од Иванов повторно е побарано да донесе аболиција за обвинетите за насилство

Од партијата ТМРО апелираат до претседателот Ѓорѓе Иванов , итно со акт на помилување за сите 36 обвинети за настаните од 27 април, како што велат, да ја смири состојбата.

„Треба да се има во предвид и тоа што битието на делото кое се става на товар на обвинетите е сторено по чинот на провокативно пеење химна на странска држава од страна на пратеник и тоа во Македонскиот парламент , понижувајќи ги Македонците , чин што остана несанкциониран и тогаш а и потоа, а беше повод за ескалација на настаните и влегување на народот во законодавниот дом, што никако не ги оправдува настаните и постапките кои загрозија човечки животи, но имаат олеснителни околности за помилување  на сторителите“, велат од партијата на Ванчо Шехтански.

Последен пат кога тоа го стори Иванов се роди шарената револуција која придонесе многу граѓани, секојдневно низ улиците на Македонија да протестираат против оваа одлука по што Иванов беше принуден да ја повлече.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e