Од денес повторно може да се патува во Грција

По една година пауза, македонските граѓани повторно ќе ја посетуваат Грција. Туристичката сезона во земјата почнува од утре, а Грција целосно се отвора за прием на туристи, вклучувајќи ги и македонските.

Македонските граѓани кои планираат да го поминат летниот одмор кај јужниот сосед, ќе мора да поседуваат негативен ПЦР тест за Ковид не постар од 72 часа, која нема да биде потребен за деца под 5 години.

Ќе се влегува и со сертификат за ревакцинација, а во Грција ќе можат да ја посетат и оние кои прележале корона, а тоа да можат да го докажат со тест за антитела.

Претходно министерот Филипче објави дека околу 20 лаборатории во Македонија ќе имаат акредитација да ги издаваат сертификатите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e