Обвинителството отвори предистражна постапка за специјалната обвинителка Катица Јанева. Постапува по поднесените кривични пријави од судијата Владимир Панчевски, за одлуката гевгелискиот суд да одобри наредба за претрес кај Панчевски дома и во судот, пренесе Алсат-М.
Тој пред речиси четири месеци поднесе три кривични пријави кои сега обвинителството ги споило во еден предмет на кој веќе се работи.
Сепак, нема детали кои мерки веќе се преземени и дали се сослушани специјалната обвинителка Катица Јанева и судијката Злата Попова од Гевгелија која ја одобри наредбата за претрес кај Панчевски.