Обвинителството отвора истрага за полицајката и пајакот

Основото јавно обвинителство го истражува инцидентот во кој полицајката Јасмина Јаначковска беше нападната од страна на високиот функицонер на ДУИ, Бекир Асани, потврдуваат за „Макфакс“  од ОЈО. Тие велат дека МВР побарало од нив да постапуваат, а јавен обвинител дал наредба да се приберат податоци и дополнителна документација.

Од Обвинителство не одговараат дали ги добиле снимките од страна на МВР за кои директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски, тврдеше дека ќе ги предадат кај обвинителот.

„Обвинителството го повика и оштетеното лице да даде изјава. Истовремено, се преземаат и други дејства за да се приберат потребните податоци во предметот. По нивно разгледување и анализа, ќе следува соодветна јавно-обвинителска одлука за натамошниот тек на постапката“, велат од ОЈО.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и полицајката Јаначковска тврдеа дека таа била само вербално нападната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e