Основното јавно обвинителство почна да постапува по кривичната пријава поднесена од страна на хелсиншкиот комитет против поранешниот министер за внатершни работи Митко Чавков и раководни лица во Единицата за брзо распоредување.
Хелсиншки ја поднесе кривичната пријава за настаните од 30 јуни кога специјалци упаднаа во просториите на студентскиот парламент и насилно ги исфрлија студентите кои протестираа против нерегуларните студентски избори. Од обвинителството за телевизија 24 велат дека е поднесено барање до надлежни институции да достават податоци, а повикани се и седум лица да дадат исказ пред јавен обвинител. Обвинителството не информира за бројот на лицата за кои постои сомневање дека сториле кривични дела.
„Обвинителството до овој момент има повикано 7 лица на разговор. Се преземаат дејства во насока на утврдување на постоење на елементи на кривичните дела спречување или попречување јавен собир од член 155 и малтретирање во вршење на службата од член 143 од Кривичниот законик.“
Една од првите кои доби покана од обвинителството е актуелната пратеничка, а тогаш дел од студентскиот пленум, Ивана Туфегџиќ.
„Јас утрово ја добив поканата од ОЈО да се појавам на сослушување насведок на 6 ноември 2017 име радува што гледам дека се почнало да се пострапува по кривичната поднесена од Хелсиншкиот комитет пред една година против Митко Чавков и некои лица од Единицата за брзо распоредување.“ – изјави Туфегџиќ.
Туфегџиќ се потсетува на насилните настани од 30 јуни и додава дека мора да има одговорност за тепањето студенти.
„Покрај тоа што пријавуваме физички напади, на крајот пријавувачите беа исфрелни надвор на клоци од просторот пред студентскиот парламент и тогаш бевме шутирани, навредувани, пцуени од страна на полицијата, влечени ивидов како се употребува и пендрак за да не воспитаат.“ – изјави таа.
Студентите и претходно се соочија со полициска бруталност. Една година порано, на 5 мај 2015, специјалци упаднаа во библиотеката „Браќа Миладиновци“ по антивладинитепротести за убиството за Мартин Нешковски. Според студентите кои учествуваа во настаните, обвинителството треба да отвори истрага и за полициската бруталност врз студентите од 2015 година.
Извор: 24 телевизија