Обвинителството и МВР знаат кој му помогнал на Груевски да избега, наскоро ќе следува реакција

Премиерот Зоран Заев вели дека за бегството на осудениот експремиер Никола Груевски се чека конечниот извештај, бидејќи Јавното обвинителство е во сериозна истрага. Запрашан дали унгарски разузнавачи и дипломати помогнале да избега Груевски, Заев рече дека токму за овој дел се чекаат конкретни одговори и од истражните органи и од МВР, пренесува САКАМДАКАЖАМ.мк

„Жалам што МВР сѐ уште не може да излезе со детална информација, но секако почитувам и јас, почитуваат и тие дека Јавното обвинителство е во сериозна истрага и сѐ додека трае истрагата не може да излеземе со детали. Јас сум информиран, отприлика знам до каде се стигнати работите од МВР, и во многу брзо време ќе заврши со истрагата и ќе ги споделиме сите детали што тоа се случувало во Македонија, заради тоа што се знае што се случувало во Албанија, Црна гора Србија и Унгарија”, кажа Заев денеска во Струмица.

Тој верува дека ќе има двотретинско мнозинство за уставните измени и верува дека последните притвори на функционери од ВМРО-ДПМНЕ нема да имаат влијание врз политичкиот систем во државата иако дел од осумтемина пратеници отворено кажаа дека последните притвори на Мијалков, Јанакиески и Божиновски не се во функција процесот на помирување

„Жалам што пратениците истакнуваат дека тоа влијае, секако јас се надевам дека ќе останат на сите свои ставови, бидејќи на 1 декември ќе соопштиме амандмани со кои ќе потврдиме сериозна вграденост на опозиционите дискусии и предлози во самите уставни амандмани што според мене ќе значи потврдување на двотретинското мнозинство па дури и негово зголемување, но тоа е само моја надеж”, истакна Заев.

Извор: САКАМДАКАЖАМ.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e