Обвинителство отвори предмет по допрен глас за грантовите на Фондот за иновации

По објавите во медиумите за евентуални злоупотреби при доделување на грантови по Јавен повик од Фондот за иновации и технолошки развој, ја известуваме јавноста дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет по допрен глас, соопштија денеска од таму.

„Обвинителството презема дејствија за утврдување на факти во предметот, а во врска со евентуални сторени кривични дела во постапката по јавен повик за финансирање проекти во рамки на третиот столб од Планот за економски раст – прв инвестициски бран“, велат од Обвинителство.

Според медиумите грант од Фондот земале и фирме во сопственост на вицепремиерот, Кочо Анѓушев. По реакциите од јавноста Анѓушев ги повика косопствениците да се откажат од грантот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e