Специјалната обвинителка, Ленче Ристоска, е избрана за прв обвинител за врски за Македонија со Единицата за судска соработка на ЕУ, Еуроџаст (Eurojust). Таа ги презела должностите на 12 ноември, но прес-службата на Еуроџаст информира денеска, објави Радио Слободна Европа. Во соопштението се наведува дека „нејзиното назначување е важен придонес во засилувањето на врските меѓу ЕУ и Западниот Балкан во областа на кривичното право“.
Обвинителот за врски работи со судовите од земјите-членки на ЕУ треба да ги олесни истрагите за сериозен прекуграничен организиран криминал.
Од 2008 година, Еуроџаст воспостави посилна рамка за структурна судска соработка во борбата против сериозниот прекуграничен криминал меѓу земјите-членки на ЕУ и земјите од Западниот Балкан.
„Договорите за соработка, кои ја откочија можноста за сигурна и ефикасна размена на судски информации и споделување на докази, беа потпишани со Албанија, Црна Гора и со ПЈРМ“, се наведува во соопштението.
