Обвинението за местење судски предмети против судијата Владимир Панчевски веќе го имаат во Судскиот совет. Нема прецизна информација кога и како ќе постапи советот, но поранешниот шеф на Кривичниот суд може да се соочи со суспензија.
Против Панчевски се води и процес за нестручно постапување, а предметот за него ќе биде дополнето со новото обвинение. Тој е обвинет дека го манипулирал електронскиот АКМИС систем и делел предмети на рака кај судии за кој сметал дека му се од доверба.