Објавен јавниот повик за продажба на државно земјиште за земјоделско производство: Oтворен патот за зголемено искористување на ИПАРД програмата

Министерството за земјоделство, шумaрство и водостопанство го објави јавниот повик за продажба на земјиштето во државна сопственост под оранжерии и објекти во функција на земјоделско производство. На овој начин, со откуп на земјиштето сопствениците ќе имаат можност да конкурираат за ИПАРД Програмите, со цел модернизација на капацитетите и зголемување на производството, информираат од надлежното Министерство.

Понудите треба да се достават во МЗШВ, во рок од 60 дена од денот на објавувањето на јавниот повик.
За повеќе информации може да се обратите на телефонскиот број 02 313 44 77 или на следниот линк: http://www.mzsv.gov.mk/?q=node/2258.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e