На 19.11.2017 година во 18,20 часот пријавено e дека во Скопје на бул.“Партизански Одреди“ од страна на две непознати лица со закана со нож било извршено разбојништво над П.П.(19) при што му биле одземени 300 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 19.11.2017 година околу 18,45 часот пријавено e дека во Скопје на бул.„Партизански Одреди“ на автобуска постојка пред Трговскиот Центар „Алуминка“, од страна на две непознати лица со закана со нож било извршено разбојништво над А.Т. (19) и уште едно 17- годишно лице при што и на двајцата им биле одземени по 200 денари и часовник. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.
