Новогодишна прослава – да се фатиш за глава

Eксградоначалникот Владимир Талески трошел и по 50.000 евра за секој дочек на Нова година на плоштадот „Магнолија“, со илјадници евра се исплаќани настапите на музичките ѕвезди, а неверојатни 11.000 евра плаќал и за една детска театарска претстава.
Во настапите за Нова година најчесто соработувал со едни исти луѓе, со колеги од битолскиот театар, со продукции, композитори и музички изведувачи.

Вртоглави суми трошел од буџетот на Општината поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески за прославите на новогодишните ноќи. Со илјадници евра ги плаќал настапите на музичките ѕвезди, а неверојатно високи суми од 11.000 евра плаќал и за една детска театарска претстава што требало да биде изведена за најлудата ноќ.
За пречекот на Нова година биле играни и по неколку други такви претстави, кои исто така добивале дебели хонорари. За последните три години, за новогодишната вечер Талески од парите на битолчани потрошил над 130.000 евра, односно 54.000 евра за 2015 година, 44.000 евра за 2016 година и 23.000 евра за 2017 година. Платил персонален данок од 10 проценти на овие суми, како и обврската кон ЗАМП. Интересно е што актерот кој ја остави Општината во 13 милиони евра долг, во настапите за Нова година најчесто соработувал со едни исти луѓе, со колеги од битолскиот театар, со продукции, композитори и музички изведувачи.
Битолската јавност и опозицијата со години се интересираа колку пари од буџетот троши градоначалникот за новогодишните прослави и за „Битфест“, но никогаш не добија точни информации. Сега кога Талески го нема, неговиот сопартиец Борче Димитровски, локален лидер на ВМРО-ДПМНЕ во Битола и советник во Општинскиот совет, прв откри дека ексградоначалникот трошел по 50.000 евра за Нова година.

Ќе им преседне шампањот на Калиопи

Според информациите од Општина Битола кои официјално ги побара „Слободен печат“, највисокиот хонорар за музички настап ѝ бил исплатен на поп-дивата Калиопи, во висина од 10.000 евра. Таа во 2015 година на плоштадот „Магнолија“, на 31 декември, на битолчани со шампањ им ја честиташе Новата година, заедно со Талески. Општината за десетчлената екипа што ја придружувала Калиопи, дополнително платила и хотелско сместување со полн пансион. За истата вечер, пејачите Влатко Лозаноски и Ламбе Алабаковски добиле по 100.000 денари.

Целиот текст на Слободен печат прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e