Ново правило на Европска Унија: Ќе се укинува правото на ВЕТО

Во стратегијата за проширување на Европската Унија наменета за земјите од Западен Балкан кои се уште не се интегрирани покрај генералните насоки за пристапните преговори и усогласување на правните и економски системи планирано е да се воведе и ново правило со кое новите земји членки нема да може да ги блокираат своите балкански соседи.

Ова значи дека на грбот на Македонија сите останати земји од Западен Балкан ќе се спасат од своите соседи ако пред нив станат членки на ЕУ. Така на пример ако Србија се зачлени во ЕУ до 2025 потоа нема да може да стави вето на членството на Косово во унијата за на тој начин да изнуди некое политичко барање.

Секако, во стратегијата не се наведени точните причини зошто концептот на вето на новите земји членки на ЕУ од балканскиот регион ќе им биде одземен, ниту пак е спомната Македонија како главна причина за ваквата нагла промена во начинот на одлучување, но сосема е јасно дека повеќе не треба да се блокира процесот на проширување на ЕУ до бесконечност како што е со грчко-македонскиот спор каде токму ние треба да прифатиме и да направиме голем број отстапки.

Така и кога ние би влегле во ЕУ ако некоја преостаната балканска држава ни води контра политики и не се придружува до параметрите за добрососедство за кое нашите генерации „изгинаа“ нема да можеме да го практицираме инструментот на вето за да издејствуваме прифаќање на нашите барања.

Исто така во ЕУ одлуките ќе се носат со квалификувано мнозинство за организацијата да биде поефикасна.

Автор: Христијан Станоевиќ за Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e