Со новиот законски предлог, „бомбите“ ќе се уништат, ќе останат само тие за кои има постапки, најави Заев

Премиерот Зоран Заев на прес конференција објави дека Владата до Собранието ќе предложи нов закон за јавно обвинителство според кој СЈО престанува да постои а се формира ново кое ќе се вика Обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција.

Во одговор на новинарско прашање, Заев кажа дека снимките од нелегално прислушкуваните разговори кои не се дел од досегашните постапки на СЈО, ќе бидат уништени, како што се уништуваат и посебните истражни мерки.
Како што најави Заев, според предлогот, новото обвинителство ќе биде во рамки на ОЈО а ќе го води сегашната шефица на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

Како што кажа, сите предмети, материјали, целата архива и вработени од СЈО ќе преминат во новото обвинителство, а обвинителите ќе може да се пријават на конкурсот за новото обвинителство, со оглед на тоа што мандатот во СЈО им завршува на 15 септември. Новото обвинителство ќе ги застапува и сите предмети пред судовите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e