Новините се состојат пред се со усогласувањето со политиките на Европската Унија каде што постојат основни мерки за сите површини и дополнителна мерка зависно која култура се произведува/одгледува. Прва година во која се врши ова усогласување, прва година во која 30% од субвенциите за оваа година по Програма од 2022 година ќе се исплаќа во 2022 година. Тоа не се случило од 2004 година кога се уведени субвенциите. Оваа година одиме со 30% авансна исплата за овоштарите а следна година за сите останати, појасни министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во денешното гостување во емисијата Аграр.