Нови ваучери за инвертер клима – аплицирањето за прв пат целосно електронски

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави нов јавен повик за доделување ваучери за инвертер клима уреди за 2026 година, насочен кон заштита на ранливите потрошувачи на енергија. За прв пат, аплицирањето ќе се врши целосно електронски преку платформата www.aplikanti.energy.gov.mk, што го олеснува процесот за граѓаните, отстранувајќи ги редиците и административните бариери.

Повикот овозможува доделување ваучери за набавка и вградување на инвертер клима уреди со моќност од 3,5 kW и енергетска класа најмалку А+, со што директно се придонесува кон намалување на трошоците за енергија и подобрување на енергетската ефикасност во домаќинствата,
Право на учество имаат домаќинства со лица корисници на надоместок заради попреченост, како и домаќинства со деца со попреченост до 26 години, со утврдени доходни критериуми за 2025 година. Едно лице може да поднесе само една апликација по домаќинство, а лицата кои користат цивилна или воена инвалиднина, гарантирана минимална помош или додаток за енергенси не се опфатени.

Апликантите ќе треба да достават комплетна документација, вклучително изјава заверена на нотар, решенија за остварени права, лични документи и докази за составот на домаќинството. Министерството ќе врши проверка на податоците преку надлежните институции, а листите на корисници ќе бидат јавно објавени.

Рокот за поднесување на барања изнесува 30 дена од денот на објавување на јавниот повик. Со овој повик, Министерството продолжува со конкретна поддршка за најранливите категории граѓани, вложувајќи во енергетска ефикасност и подобар квалитет на живот.

За повеќе информации и детали за аплицирање, граѓаните можат да го посетат веб-сајтот на Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e