Нови рочишта за „Титаник“ и „Тарифа“

Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство  „Титаник“ и  „Тарифа“.

Минатото рочиште за „Титаник“ беше прекинато поради барањето на адвокатот Еленко Миланов за изземање на судечкиот совет, на претседателот на Кривичен суд и на судии од Апелацискиот суд во Скопје.

Во „Титаник“,  што е прв случај обелоденет од СЈО, покрај поранешниот премиер Никола Груевски, обвинети се и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска,  Илија Димовски, како и уште 14 други лица. Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал  и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во  2012 година.

На обвинителна клупа во Кривичен  денеска ќе седнат и поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и уште други две лица, обвинети во случајот  „Тарифа“ за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“, вреден околу четири милиони евра.

Извор: 24ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e