Нови пет смртни случаи од грип

Пет смртни случаи поврзани со грип се пријавени во изминатата недела од кои двајца имале претходна хронична болест. Смртните случаи се регистрирани во Скопје, Делчево, Крива Паланка, Охрид и Тетово. Возраста на починатите е од 39-75 години, објави Институтот за јавно здравје.

Кај три лица од починатите е изолиран А(H1pdm) вирусот на грип, а кај еден несубтипизиран тип А.

Со ова регистрирани се вкупно 28 смртни случаи асоцирани со грип во сезоната 2018/19, а лицата биле на возраст од 5 до 86 години, што е најмногу досега по 2009 година кога се појави свинскиот грип и кога починаа 30-тина лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e