Нови цени на горивата од полноќ

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за девет денари по литар, додека на безоловниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 9,50 ден/лит,соопшти денеска Регулаторната комисијата за енергетика (РКЕ), додавајќи дека поскапува и дизелот, за девет денари за литар.

Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ ќе изнесува 104,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 106,50 ден/лит. Литар дизел ќе чини 95 денари.

Цена на екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за осум и пол денари за литар и ќе изнесува 93 денари.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, како и курсот на денарот во однос на доларот, се наведува во соопштението, во денешната пресметка (31.05.2022) се исти со претходната пресметка од 30.05.2022, односно во денешната пресметка извршена е промена само на акцизите и данокот на додадена вредност, дефинирани со прописите за акцизи и данокот на додадена вредност.

Од Регулаторната комисија напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 1.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e