Нови 45 возила за македонската полиција во вредност од околу милион евра

Амбасадорот на Република Чешка Н.Е. Мирослав Томан денеска на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски му ја предаде донацијата од 45 возила од марката „Шкода“ во вредност од околу милион евра.  Министерот Спасовски му се заблагодари на амбасадорот Томан и на Владата на Република Чешка за помошта што македонската полиција ја доби од оваа пријателска земја по избувнувањето на мигрантската криза.

25311158_903928306451460_6348058880479102839_o

-Република Чешка особено во време на мигрантската криза даде извонреден придонес за зајакнување на капацитетите на македонската полиција. Нивната финансиска и материјално-техничка помош веќе надминува два милиони евра. Со оваа донација набавени се возила кои ќе служат и за граничната полиција, но и за полициските станици кои се во граничните подрачја, се со цел да може да ја зголемиме ефикасноста на полицијата, а со тоа и безбедноста на граѓаните- рече министерот Спасовски.

Амбасадорот Томан истакна дека Република Чешка со задоволство и помага на македонската полиција и дека тоа ќе го прави и во иднина.

– Со министерот Спасовски разговараме како понатаму Република Чешка да му помогне на МВР. Република Чешка не помага само финансиски туку на јужната граница веќе е 14-от контингент на чешки полицајци, кои помагаат јужната граница да биде што побезбедна. Соработката меѓу македонските и чешките полицајци е одлична и во следната 2018 година ќе продолжиме со истиот број на полициски службеници-рече амбасадорот Томан.

Од 2016 година до сега во обезбедувањето на јужната граница учествуваа 534 чешки полициски службеници, а реализацијата на проектот е предвидена и за наредната 2018 година.

25358678_903928226451468_7703812652990099934_o

25300031_903928223118135_4048347704936706438_o

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e