Нови 367 случаи со Ковид-19, починати пет, а оздравени 202 пациенти

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2596 тестирања, при што се регистрирани 367 нови случаи со Ковид-19. Во исто време, пријавени се пет починати пациенти, а оздравени се 202 лица.

Од вкупниот број новорегистрирани болни од Ковид-19 до Скопје се 167, Прилеп – 37, Кавадарци – 33, Охрид – 17, Велес – 15, Куманово и Тетово – по 14, Гостивар и Неготино – по 12, Штип и Гевгелија – по 7, Битола – 6, Струга и Кратово по – 4, Струмица и Ресен – по 3, Кочани, Делчево, Пробиштип и Крушево – по 2, Кичево, Крива Паланка, Берово и Валандово – по 1.

Од петмината починати пациенти, двајца се од Скопје (91г и 83г) и по еден смртен случај е пријавен од Гостивар (77г), Крива Паланка (40г) и Демир Хисар (65г). Сите пациенти се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Од регистрираните 202 оздравени пациенти од Скопје се 105, Куманово 18, Кавадарци 14, Тетово 11, Штип 8, Неготино 7, Гевгелија 6, Велес и Кочани по 5, Гостивар, Крива Паланка и Демир Капија по 4, Струмица и Ресен по 3 и Кичево и Демир Хисар по 1.
Направените 2.596 теста се преку: ИЈЗ-409, ЦЈЗ Скопје-62, Авицена-305, Биотек-400, Клиника „Жан Митрев“-154, Систина-198, лабораторија Лаор–183, МАНУ-87, Судска медицина-2, ЦЈЗ Битола-91, Синлаб-46, Ремедика-21, лабораторија болница Козле-21, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 610, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ „8-ми Септември“-4.
Досега во земјата се направени вкупно 482.026 тестирања на Ковид-19.
Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 96.518, бројката на оздравени пациенти е 87.324, на починати е 2.971, а бројот на активни случаи изнесува 6.223.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови, Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 42174, активни 2876
Куманово 5343, активни 236
Тетово 5248, активни 213
Прилеп 4783, активни 267
Гостивар 3694, активни 129
Штип 3559, активни 78
Битола 3310, активни 133
Велес 3259, активни 228
Охрид 3012, активни 369
Кавадарци 2897, активни 398
Струмица 2611, активни 147
Струга 2307, активни 163
Кочани 1769, активни 54
Кичево 1746, активни 76
Свети Николе 1097, активни 25
Гевгелија 1067, активни 101
Неготино 1029, активни 78
Дебар 777, активни 53
Ресен 772, активни 64
Крива Паланка 756, активни 41
Радовиш 737, активни 46
Делчево 694, активни 207
Берово 618, активни 35
Пробиштип 519, активни 18
Виница 503, активни 26
Валандово 334, активни 11
Демир Хисар 255, активни 10
Македонски Брод 249, активни 10
Кратово 249, активни 25
Богданци 228, активни 6
Крушево 229, активни 39
Демир Капија 226, активни 41
Македонска Каменица 192, активни 4
Пехчево 183, активни 4
Дојран 92, активни 12.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e