Се формира нова политичка партија

Бошњачки демократки сојуз е нова политичка партија во Република Македонија формирана со цел да ги застапува интересите на Бошњаците, да ги штити и унапредува нивните права во согласност со Уставот на Република Македонија, законите, меѓународните стандарди и статутот на партијата. Бошњачки демократски сојуз, кој во моментов е вонпарламентарна партија, е легитимен политички претставник на Бошњаците во Република Македонија, а нејзиниот легитимитет го докажува многубројното членство.

Бошњачки демократски сојуз, како и секоја одговорна и сериозна политичка партија има своја програма во која не се наведени само прашањата и проблемите на Бошњаците кои треба да се решат, туку  се наведени и конкретни предлози за нивно решавање, кои имаат сеопфатен пристап кој е применлив во рамките на загарантираните права на Бошњаците со Уставот и законите на Република Македонија.

Главна причина за нашето појавување на политичката сцена во Република Македонија е нецелосното остварување на правата на Бошњаците во Република Македонија, односно во формално-правна смисла истите се регулирани, но во практична смисла нивната примена е на многу ниско ниво. Припадниците на помалите етнички заедници имаат еднакви права. Нивното политичко претставување не смее да зависи од волјата на другите. Бошњаците во Република Македонија имаат проблем со правичната застапеност во органите на државната власт и во другите јавни институции на сите нивоа, во кои од севкупниот број на вработени учествуваат со 0,3 проценти.

Покрај се’, ние како  партија ќе ги поддржиме сите иницијативи и активности кои водат кон подобрување на животот на Бошњаците и на сите граѓани на Република Македонија. Бошњаците, како конститутивен народ и како граѓани на Република Македонија, докажале дека со своето однесување, работата и делувањето се позитивен пример како треба да се работи на изградбата и развојот на институциите на нашата заедничка држава Република Македонија.

Нашата партија, Бошњачки демократски сојуз, ќе продолжи да делува по истиот пат за кој сметаме дека е единствен и вистински начин за остварување на нашите права  и поставените цели.

Извор: 24ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e