Никола Митревски – Кољо се криел во Скопје и попладнево сам се пријавил во Истражниот затвор во Шутка, а Александар Василевски – Нинџа и понатаму останува на слобода, но според полициските извори и тој е во Македонија, пренесува НоваТВ.
Двајцата се обвинети дека биле логистика во обидот за бегство на разузнавачите Горан Грујевски и Никола Бошковски.
Нинџа и Кољо требало од Бугарија да стигнат во Унгарија, преку Србија за да ги пречекаат Грујевски и Бошковски, по слетувањето во Будимпешта. Планот им пропаднал, откако српската гранична полиција им забрани влез во државата еден ден пред Грујевски и Бошковски да бидат уапсени во Грција.
ТВ 24 во октомври минатата година, објави информација дека Василевски и Митревски при обид да влезат во Србија, биле вратени од граничниот премин, а можната причина според познавачите е потегот на Србија да се дистанцира и да не се инволвира во случувањата во Македонија.