Нова инвестиција и нови 600 работни места во Македонија

Странска инвестиција вредна 11 милиони евра влегува во Македонија-најавија од Владата. Станува збор за Аамериканската компанија Теламон, каде ќе се произведуваат електрични кабли за автомобилската индустрија

„Го вработивме првите работници во јуни. Очекуваме до крајот на годината да имаме 50 вработени.“ – изјави Том Муза – директор на „Теламон“.

Од владата велат дека изборот на компанијата производство да го прошират токму во Македонија, е добар знак дека земјата е конкурентна во својата политика на поддршка на директните странски инвестиции.

„Тие ќе инвестираат на почетокот 4 милиони евра и ќе вработат 300 вработени, а до крајот, се очекува процесот да заврши на 11 милиони евра со 600 вработени.“ – изјави Кочо Анѓушев.

Министерката без ресор, задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска која го потпиша договорот, истакна дека ова е огромна придобивка која ќе овозможи нови работни места, зголемена соработка со домашните компании и позитивно ќе влијае на брутодомашниот производ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e