Нова доза обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се самопромовира

Министерот за здравство Венко Филипче и владата предводена од СДСМ се грижат само за своите лични интереси. Грижата на владеачката СДСМ е насочена само кон тоа како да се намали поразот на Зоран Заев, обвинија денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во период кога бројката на новозаболени од корона вирус бележи само пораст, тие прават себепромоција, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

И додека во земјите од регионот главна тема е опоравувањето и справувањето со економските последици, во Македонија сеуште се бројат новозаболени лица, лица кои добиваат решенија за самоизолација  и изолација. Сето ова се должи на задоцентите и несоодветни мерки.

Кога на почетокот на ситуацијата со корона вирусот ВМРО-ДПМНЕ  предупредуваше да се преземат мерки, власта молчеше.

Едно е јасно, Филипче и СДСМ доживеаја фијаско во справувањето со корона вирусот, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e