Вечерва во централното седиште на ВМРО-ДПМНЕ, беше избран новиот Извршен комитет на партијата.
Порталот Курир кој е близок до опозициската партија го објави новиот состав на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Нов генерален сектретар со одлука на ЦК е Игор Јанушев, поранешен директор на ЈСП.
Потпретседатели се Митко Јанчев, Александар Николовски и Владо Мисајловски. Во игра за потпретседател беше и Влатко Ѓорчев.
Членови на ИК се тројца претседатели на општински комитети- Иван Јорданов од Штип, Кирил Пецаков од Охрид и Орце Ѓорѓиевски од Кисела Вода.
За членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, како што дознава Курир се избрани и: Владимир Нелоски, Даниела Рангелова, Игор Николов, Трајко Славевски, Драги Димитриевски, Влатко Ѓорчев, Силвана Ангелеска, Тони Михајловски, Димитар Димовски, Дафина Стојаноска, Златко Перински, Коце Трајановски, Дејан Јовановски, Дејанчо Ефтимов, Цветан Трипуновски, Игор Божиновски, Костадин Богданов, Ане Лашкоска и Бајрам Требишки.