Застапеноста на Албанците во Армијата на Македонија останува многу ниска. Заменик-министерот Беким Мурати вели дека се работи на тоа поле, а како најпроблематична ја спомена застапеноста на офицерите Албанци. Наскоро ќе има нови огласи за примање на нови војници.
„Бројот на војници и подофицери е повисок и некаде изразено во проценти е 22,9%, а на офицерите застапеноста е се уште мала. Ние сме пред отворање на нов оглас за професионални војници и има добра маса на претставници од сите заедници кои се пријавија. Многу скоро ќе објавиме конкурс и за Воената академија и чекаме младите Албанци и Албанки кои завршиле средно образование и имаат добар успех, да се пријават на огласот. Кон крај сме со новата структура на Армијата, секако дека оваа структура во иднина повеќе ќе се одрази, а со спроведување почнува од наредната година“, изјави Беким Мурати, заменик министер за одбрана
Целиот текст на Алсат прочитајте го ТУКА.