Нимиц: Средбата Заев-Ципрас беше историска, не паметам подобра меѓу премиерите на двете земји

Во интервјуто за „360 Степени“, посредникот во спорот за името, Метју Нимиц зборуваше за т.н. гестови на добра волја кај двете страни – одлуката да се преименуваат аеродромот и автопатот и за возврат на Македонија да и се дозволи да напредува во наредната фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

– Овие одлуки произлегоа од состанокот на двајцата премиери во Давос. Мислам дека тоа беше крупен исчекор напред, дури и со речиси историска димензија зашто не паметам подобар состанок меѓу двајца премиери на овие две земји во сиот мој ангажман уште од 1994/95 година. Им оддавам признание на двајцата премиери, му оддавам признание на премиерот Заев за преземање на овие важни гестови за креирање добра волја во регионот и добра волја кон соседот – рече Нимиц.

Целото интервју на следниот линк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e