Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски со честитка по повод деншениот празник:
-Нека е честит и вековит нашиот голем празник Свети Трифун, заштитникот на лозарите. Овој празник кој во нашата вера е синоним за младост и доследност кон христијанските традиции, го прославуваме со ветување и поддршка на сите лозари и винарии за уште многу заеднички успешни вински приказни. Нека Св.Трифун ги благослови лозите, и оваа година да дадат богат род, и полни буриња со вино и ракија, напиша тој по повод Свети Трифун.
