Николовски: Зошто опозицијата не сфаќа дека политички поени не се ловат на грбот и маката на тутунарите и земјоделците?

Не можам и нема да најдам оправдување за кочењето од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на Законот за земјоделство и рурален развој од кој директно зависат над 20.000 тутунарски семејства!, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Николовски нагласи дека со месеци над 20 илјади домаќинства кои живеат од производство на тутун чекаат исплата на заслужените субвенции.

„Прво, 2 месеци чекавме Собраниската комисија предводена од опозицијата да се состане и да го помине Законот од кој зависи исплатата. Денес, кога конечно стигна на пленарна седница, повторно се одолговлекува неговото финално усвојување со пријавени над 15 дискусии со што е можно негово одложување за нови 30 дена.
Не разбирам зошто опозицијата е против земјоделците? Зошто не сфаќа дека политички поени не се ловат на грбот и маката на тутунарите и земјоделците?“, прашува Николовски.

Николовски посочи дека има место за политика – тоа е на партиските говорници, никако на собраниската говорница додека десетици илјади семејства го чекаат усвојувањето на Законот за земјоделство и рурален развој кој овозможува како Влада да извршиме итна исплата на субвенциите за тутунарите.

Николовски ја замоли опозицијата по трет пат денеска: Вразумете се, баталете ги партиските бои и итно и без секунда одложување и блокирање донесете го овој Закон!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e