Откако 60 години беше заглавен низ бирократските лавиринти, започнува реализацијата на капиталниот проект за изградба на браната на реката Отиња. Овој проект е остварување на сонот на штипјани, а особено сум горд што ја гледам реализацијата на проект што почна да се развива во периодот на мојот мандат како Министер за земјоделство. Истокот не е заборавен и станува регион во кој постојано се инвестира во проекти од голема важност за граѓаните.
Станува збор за повеќенаменска брана, која ќе го обезбеди биолошкиот минимум и ќе се погрижи за водоснабдување со технолошка вода за индустриските капацитети и градското зеленило.
Водејќи се од начелото за рамномерен регионален развој, ги санираме слабостите со кои се соочуваат Истокот и Североистокот и секојдневно работиме за повисок квалитетот на живот кај граѓаните!
ФБ статус на Љупчо Николовски