Со законот за потекло на имот ќе се оневозможи богатење на кој било врз грбот на граѓаните!, посочи вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси и генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.
„Законот е потребен и ќе се однесува на сите сегашни и поранешни функционери, но и на граѓаните.
Оневозможуваме да се крие богатството, да се изнесуваат пари, да се сокрива нешто и на грбот на граѓаните некој да се богати“, нагласи Николовски.
