Николовски: Загрозувањето на животната средина и здравјето на граѓаните е недозволиво!

На денешната владина седница се донесе одлука за едностран раскин на договорот за концесија за ископ на песок на локалитетот село Долно Коњаре. Одлуката е донесена врз основа на наодите од извештајот од Инспекторатот за животна средина, според кои концесионерот не се придржувал кон решенијата и мерките во однос на заштитата на животната средина, а по предлог на Министерството за економија, информираше на социјалните мрежи вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски.
-Како координатор на инспекциските служби се заложив за брзо решавање на случајот и го следев дејствувањето на Државниот инспекторат за животна средина кој координирано со Министерството за животна средина и просторно планирање постапија согласно надлежностите во овој случај, посочи Николовски.
-Законите мора да се почитуваат, а загрозувањето на животната средина и здравјето на граѓаните е недозволиво!
Борбата за здрава животна средина е приоритетна, заедничка и бескомпромисна! – дециден е вицепремиерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e