Николоски: Заев излажа – „Фолксваген“ ја објави својата инвестиција и таа за жал не е во Македонија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во денешната изјава за медиумите го обвини премиерот Зоран Заев дека излажал дека „Фолксваген“ ќе отвори фабрика во Северна Македонија и дека од што го објави копманијата, земјава за жал воопшто не ни влегла во финалната фаза на избор.

„Во јануари месец ова година премиерот Заев најави дека ‘Фолксваген’ ќе отвори фабрика во Македонија дури и го злоупотреби името на канцеларката Меркел и нејзиниот советник за надворешна политика Хекер. Деновиве официјално ‘Фолксваген’ ја објави својата инвестиција и таа за жал не е во Македонија, таа е во Турција, вредноста е една милијарда и четиристотини милиони долари фантастична бројка, некаде околу една третина од целокупниот македонски буџет за споредба“, рече Николовски и додаде дека странски директни инвеститори кои што одлучиле да инвестираат во државата одлучуваат своите втори или трети фабрики да не ги отворат кај нас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e