Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, доцна попладне, заедно со сопругата Адријана го посетија манастирот Свети „Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка од каде и потекнуваат.
„Го чествуваме големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, во еден од најпознатите храмови на истокот, вековниот манастир Св.Јоаким Осоговски. Го славиме големиот празник заедно со мојата сопруга и моите сограѓани. Ова беше прекрасно поминато попладне! Нека ни е за многу години!“, порача вицепремиерот Николовски.