Николовски: Заедно да придонесеме кон подобро и поправично општество

За антикорупциските реформи денеска зборував на Форумот на оваа тема за Западен Балкан, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Го образложив детално #ПланотЗаБорбаПротивКорупција, кој содржи 18 системски мерки, преточен врз основа на наодите и нашата силна политичка волја за безкомпромисна борба против корупцијата, посочи Николовски.
Nikolovski1„Преку системски промени обезбедуваме повисоко нивото на дигитализација, со елиминирање на човечкиот фактор како клучна улога во превенцијата од корупција, до еднаква и правична примена на законите.

-Ги јакнеме капацитетите на истражните центри, а со тоа и на Јавните обвинителства.
Воведуваме дигитализирање на трите книги што ги води Управата за водење на матичните книги. Граѓаните ќе можат електронски да ги добијат изводите.

-Воведуваме Централен регистар на население, со што целосно се укинува процедурата за вадење на различни документи и изводи за било која постапка што му е потребна на граѓанинот.

– Сите седум аниткорупциски надлежни институции, се поврзуваат на Националната платформа за интероперабилност, ефективно да ја применуваат плаформата при прибирањето на податоци за одреден случај.

– Со електронскиот софтвер ги поврзуваме сите 28 инспекциски служби, со што ќе се намали субјективното и селективно влијание на инспекторот за време на инспекцијата.

– Преку создавање на централна база за издавање на лиценци и дозволи, точно ќе се знаат условите, која фирма каква лиценца има.
Создаваме фер конкуренција во бизнисот.

– Ги зајакнуваме контролните механизми околу јавните набавки.

– Преку соодветни мерки ќе се актуелизира и примени конфискацијата на имот како системски механизам во борбата против корупцијата.

– Предвидуваме мерка за ревидирање на бројот на членовите на УО кој нема да биде повеќе од 5 члена. При изборот на членовите на УО, квалификациите на кандидатот ќе бидат клучни.

– Сите институции и општините ги задолживме да назначат овластено лице за прием на пријави доставени заради заштитено внатрешно пријавување за постоење на евентуална корупција.

– За прв пат воведуваме единствен Регистар за службените возила. Строго ќе се регулира начинот на користење на службените возила, ќе се знае кој, кога и на кој начин го користи службеното возило.

– Воведуваме систем за следење на предмети и претставки преку отворање на повикувачки центар.

– Поради утврдените недостатоци и недоречености во постоечкиот Закон, се пристапува кон измени на Законот за спречување на корупција и судир на интереси, да биде поприменлив и да придонесува за навремено откривање на корупција и судир на интереси.

Имаме политичка волја, одлучни сме, имаме сојузници–граѓаните, и ова е вистинското време заеднички сите да го дадеме максимумот во искоренувањето на оваа девијантна појава и заедно да придонесеме кон подобро и поправично општество“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e