Николовски: Заедничката координација со Антикорупциска продолжува

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси  Љупчо Николовски денска оствари средба со надлежните од Државната комисија за спречување на корупцијата.

„Заедничката координација со Државната комисија за спречување на корупцијата продолжува.
Нашата денешна средба, на обострано задоволство, за прв пат се одржа во новите деловни простории на Комисијата кои Владата ги обезбеди со цел поефикасно и непречено одвивање на работата на ДКСК. Во фокусот на денешниот разговор беа измените на Законот за потекло на имот кои ќе бидат во служба на детектирање и конфискација на нелегално стекнатиот имот и имотот со недокажано потекло, а со насока на заштита на државните интереси“, инфомрираше Николовски по средбата.

219746131_3046895142198671_579129688186161736_n
„Дополнително, ја запознавме и Комисијата со степенот на реализација на Владиниот План за борба против корупција како и останатите мерки кои се преземаат од страна на Кабинетот во насока на обезбедување на целосно интегриран систем во служба на граѓаните“, рече вицепремиерот Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e