Се сеќавам кога бев дете, речиси сите другари сонуваа дека ќе станат фудбалери.
Многу дечиња го имаат тој сон, ништо чудно. Но, ретки се тие кои го остваруваат, а премалку тие кои стануваат големи фудбалери, од светска класа.
Пред точно две години се случи нешто со кое во фудбалски термини, од тим кој е нисколигаш, станавме тим кој игра во прва лига, со најсилните!
Беше решен повеќедеценискиот спор со нашиот сосед Грција, што ни овозможи да сме денеска рамноправна членка на НАТО која ги почнува преговорите за полноправно членство со Европската унија.
Играме во Лигата на шампионите!
Го остваривме нашиот сон од осамостојувањето до денес. Ја загарантиравме нашата безбедност со тоа што станавме дел од најуспешната воена и политичка алијанса, во историјата на светската цивилизација.
Ниту се подели државата, ниту го изгубивме јазикот, ниту ја изгубивме Македонската националност, напротив ги зацементиравме еднаш засекогаш и денес сме признаени во цел свет.
На 15-ти јули продолжуваме каде што застанавме.
Заедно можеме повеќе! 🇲🇰🇪🇺
ФБ статус на Љупчо Николовски