Во овие четири месеци се детектирани сите слабости во нашето општество и сите извештаи и сето она што се говори деновиве, говори дека сме ја погодиле целта со формирањето на еден ваков инструмент, изјави во Утрински брифинг Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси и додава дека оваа Влада ги отвара темите кои што досега никогаш не биле отворени.
-Четири месеци поминавме во детектирање на состојбите. Кога тргаме, тргаме од нефункционалноста нa институциите. Првата работа ако не ја решиме нема да ги решиме останатите. Ако клучните антикорупциски институции не работат заедно, без влијание на човечкиот фактор, нема синхронизирана размена на податоци, тогаш кои резултати да ги очекуваме? Секако како клучни тематитки се јавните набавки, вработувањата, ситната корупција која е резултат на менталитетот, вели Николовски.
-Добро е што за прв пат имаме оценки дека ДКСК не е под закрила и контрола на власта и тоа е еден огромен напредок, кој досега не сме го имале. Се она што правевме овој период е да ги обезбедиме сите услови за ДКСК, со дупло зголемен буџет, со решен проблем за софтверското решени, за да имаме електоронски регистар и можност да се поднесуваат пријавите. Просторот не бил решен две години, но и тоа го решивме со обезбедување на соодветен простор.
И сега многу работи кои и во последниве 30 години не биле направени, а сега се отворени и има полиичка волја за нивно решавање и сакаме да ги отовриме темите за кои никој не зборувал во минатото, излегува да на некого му смета. Им сметаме на криминалните структури во судството, на сваровски судиите кои сакат државата да ја држат заробена, изјави Николовски.