Николовски за „ТВ Шења“: Нашата клучна цел е парите кај земјоделците да стигаат навреме

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, вечерва гостуваше во дебатната емисија на ТВ Шења и истакна дека една од клучните цели на оваа влада е парите кај земјоделците да стигаат навреме. Тој рече дека парите и решенијата се подготвени но се чека законот да помине во Собрание за платежната агенција да може да им ги исплати средствата. Николовски истакна дека земјоделците се тие кои се најпогодени од блокадите на законите во Собранието.

„Граѓаните 2020-та година казнија политики кога се блокираа закони и мерки од ковид пакетите се со цел да се спасат работни места, да се исплатат плати, пензии и да дојдат повеќе пари кај граѓаните во време на една огромна криза“, рече Николвски и додаде дека земјоделците треба да имаат приоритет.

„Треба да сме свесни за кризата во секторот за производство на храна, ФАО, целиот свет, сите меѓународни институции ни ги праќаат тие пораки. Знаеме дека Русија и Украина се едно од најголемите житници, најголемите производители на пченица и ова ќе трае“, рече Николовски и истакна дека нашите земјоделци се тие кои што ги произведуваат овие стратешки култури и затоа се приоритет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e